Македонскиот вицепрвак Алкалоид вечерва ќе го игра четвртиот натпревар во ЕХФ Европската лига. 

Како и минатиот вторник, избраниците на Лазаров, за противник ќе ја имаат данската екипа Бјерингбро – Силкеборг.

Лошата реализација на чисти „зицер“ ситуации, како не промашените седмерци (5), беа главната болка во таборот на фармацевтите на првиот меч што го загубија со осим разлика (23-31). 

Задачата сега ќе биде дополнително потешка во дуелот на гостински терен. 

„На првиот натпревар во Скопје имавме многу добри моменти, ама исто така и имавме и многу лоши во текот на натпреварот.

Промашените пенали и зицери во Европа нé чинат пораз еве веќе втор натпревар. На дуелот со Силкеборг ја почувствуваме силата на данскиот ракомет, а за нашите млади играчи е од непроценливо значење тоа искуство.

Ги увидиме нашите грешки и се надевам ќе ги поправиме за на дуелот во Данска да го дадеме максимумот“, изјави голманот Благојче Трајкоски.

Натпреварот меѓу Силкеборг и Алкалоид ќе се игра во вечерниот термин од 20:45 часот, со  директен ТВ пренос на МТВ 3 (линк за гледање).