Познати се уште три селекции кои ќе играат следното лето на Европскиот шампионат.

Актуелниот европски шампион со ремито во Германија во дуелот со Украина (0-0) ја обезбеди втората позиција во „Ц“ групата. Азурите им се приклучуваат на Англичаните кои вечерва одиграа 1-1 во Скопје со Македонија, но веќе го имаа обезбедено првото место.

Репрезентацијата на Словенија во директната пресметка го победи Казахстан со 2-1 и го освои 2,место во „Х’“ групата.

На ист начин и Чешка заврши како второ рангирана во „Е“ групата. Чесите пред своите симпатизери ја победија Молдавија со 3-0.

Покрај домаќинот Германија, досега пласман на ЕП обезбедија:

А група: Шпанија и Шкотска.
Б група: Францији и Холандија
Ц група: Англија и Италија
Д група: Турција … (Хрватска 13 или Велс 11,).
Е група: Албанија и Чешка
Ф група: Австрија и Белгија.
Г група: Унгарија и Србија
Х група: Данска и Словенија
И група: Романија и Швајцарија
Ј група: Португалија и Словачка.

Последните три учесници ќе бидат познати дури следната година по одигрувањето на натпреварите од плеј-офот што се закажани меѓу 21 и 26 март

Европското првенство во Германија започнува на 14 јуни и ќе трае до 14 јули. Ќе се игра во 10 градови, а финалето е во Берлин.