Екипата на Ангели ја забележа третата победа во второлигашката конкуренција.

Во воведниот натпревар од 5.коло Ангели ја оправдаа фаворитската улога и славеа над Работнички 2 со 91-70 .

Од самиот почеток Ангели беа оние кои ја контролираа играта и резултатот. Сепак не успеаја са создадат поголема предност, па четвртина ја добија со шест разлика (23-17).

Во Втората четвртина  Ангели во два наврати имаа +10 (27-17  и 30-20). Работнички се обиде да се врати и намали ма 30-26. Но, во последните 4.минути домаќините уфрлуја 17, а примија 5 поени, па на одмор заминаа со +16 (47-31).

По само три минути игра Ангели ги имаа и најголемите +21 (57-36). Во последниот период домаќините влегоа со +15 (65-50). Тоа беше повеќе од доволно тимот од скопска Кисела Вода да стигне до третата сезонска победа со конечни 91-70.

Утре и в недела ќе се играат останатите пет натпревари од оваа рунда.

Сите натпревари може да ги  гледате ВО ЖИВО ОВДЕ (кликни на линкот)

ВТОРА ЛИГА (МАЖИ) – 5.КОЛО
петок
АНГЕЛИ – РАБОТНИЧКИ 2018  91-70
Сабота
18.00 КУМАНОВО 2009 – ШКУПИ
19.00 МЕГА БАСКЕТ – TЕТЕКС
недела
14.30 ВОДНО САНС – МКК КУМАНОВО
18.00 СОКОЛИ – МАЏАРИ
19.30 МЗТ СКОПЈЕ У.Б. – БОРЕЦ БАСКЕТ

ТАБЕЛА: МКК Куманово 8 бодови, Ангели 8, Шкупи 7, Соколи 7, Маџари 7, Водно Санс 7, МЗТ Скопје У.Б. 6, Работнички 2018 6, Борец Баскет 6, Мега Баскет 5, Куманово 2009 4 и Тетекс 4.