Нова пол позиција за Макс Верстапен на патеката Сао Паоло за ГН на Бразил каде викендов се вози 20-тата трка во Ф1.

За Верстапен ова е 11-та пол позиција во сезоната или вкупно 31-ва во неговата кариера.

Верстапен го извозе најбрзиот круг со време од 1:10:727 минути и го остави зад себе Леклерк од Ферари и Ленс Строл од Астон Мартин.

Во најдобрите 10 се пласираа уште и Алонсо, Хамилтон, Расел, Норис, Саинц, Перез и Пиастри од Мекларен.

За потсетување, квалификациите не го доживееја својот крај откако раководството на Ф1 и на трката мораа да ја прекинат последната К3 сесија поради силното невреме кое надвисна над патеката и Сао Паоло.

Истата беше прекината на 4.19 минути до крајот, па така редоследот остана ист до тој момент во кој шампионот Верстапен в недела ќе стартува од пол позицијата.

Утре на програмата во Формула 1 се вози спринтот. Квалификациите за спринтот се во 15 часот, а трката се вози подоцна во 19.30 часот.

Трката за ГН на Бразил на легендарната трка Сао Паоло ќе се вози в недела од 18 часот.