Додека најдобрата селекција ќе игра контролен, две млади македонски репрезентации (У21 и У19) ќе играат важни натпревари во евро-квалификациите. 

Онаа повозрасната, до 21 година, попладнево во Кишинев ќе се сретне со Молдавија. Тоа ќе биде третиот натпревар за избраниците на Канатларовски, во квалификациите за ЕП 2025-та во Словачка. 

Победата над Шведска на гости во првото, но и во поразот дома од Холандија во 2.коло, покажаа дека оваа селекција има потенцијал. 

Затоа и во нашиот табор веруваа дека оваа репрезентација може да направи голем успех. А, за тоа потребна е победа на денешниот меч, кој ќе започне од 17 часот. 

Натпреварот ќе може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.

Претходно во Полска, ќе игра помладата репрезентација до 19 години. 

И оваа селекција го игра третиот, решавачки натпревар, на квалификацискиот турнир за пласман во елитна фаза. 

По победата над домаќинот на петата група Полска (2-0) и поразот од Германија (1-3), избраниците на Тони Јакимовски ги рангираат на второто место. А, токму првите две позиции водат во главната рунда од квалификациите за Европскиот шампионат. 

Но, за да се сочува истото треба да се победи денешниот противник Казахстан, кој претрпе два убедливи порази. 

Така нема да зависиме од исходот на вториот натпревар во групата меѓу Германија и Полска. 

Двата натпревари ќе се играат во ист термин од 15.30 часот.