Младата репрезентација на Македонија до 21 ги продолжува подготовките за претстојниот квалификациски натпревар против Молдавија на стадинот Зимбру, во Кишинев.

Нашите млади фудбалери од 17 часот ќе го одработат предвидениот тренинг на тренинг центарот „Петар Милошевски”, во Скопје.

Еден од најквалитетните поединци на младата репрезентација на Македонија до 21 година, Лука Станковски даде свое видување и анализа за претстојниот меч со Молдавија во рамките на 3. коло од квалификациската група Ц.

„Максимално и посветено се подготвуваме за овој натпревар, свесни сме од какво значење е. Доколку сакаме да се надеваме на пласман за наредното Европско првенство мораме да одиграме на едно високо ниво и да го добиеме овој меч.

Против Моладавија мораме да одиграме борбено, офанзивно и пред се концентрирано, особено во завршницата. Мораме да ги искористиме нашите можности на овој натпревар, доколку сакаме да се надеваме на позитивен резултат.

Имаме потенцијал и квалитет за големи достигнувања. Нашата цел е пласман на Европско првенство. Мораме да продолжиме да играме добро, мотивирано и да се подобруваме од натпревар во натпревар.

Се надевам дека на крајот ќе се радуваме и ќе имаме успешни квалификации, вели Станковски.

Натпреварот меѓу младите селекции на Молдавија и Македонија ќе се игра на 17 октомври (вторник) од 17 часот.