Викендов ќе се играат натпреварите од 2.коло во Првата „А“ лига во женска конкуренција.

По два натпревари ќе се играат денеска и утре. 

Најинтересно се очекува да биде во Куманово каде екипата на Гризли го дочекува скопски Вардар. Дуел на две екипи кои имаа одличен почеток на новата сезона. „Вардарки“ делуваа убедливо против Бадел 1862, додека „новиот“ женски колектив во Куманово беше подобар од Пробаскет на гостувањето во Кавадарци.

Еден час подоцна, (17), во салата „Независна Македонија“ ќе се сретнат локалните ривали, екипите на Бадел 1862 и на МЗТ Скопје Аеродром.

За в недела закажани се дуелите во СРЦ „Кале“, меѓу бранителот на титула, Баскет Кам и Крива Паланка, додека втор пат по ред, екипата на Струга ќе игра на домашен терен, а за противник го има кавадаречки Пробаскет.

Сите натпревари може да ги гледате ВО ЖИВО ОВДЕ 

ПРВА ЛИГА (ЖЕНИ) – 2. КОЛО
сабота
16.00: КУМАНОВО ГРИЗЛИ – ВАРДАР
17.00: БАДЕЛ – МЗТ СКОПЈЕ А.
недела
14.00: БАСКЕТ КАМ – КРИВА ПАЛАНКА
16.00: СТРУГА – ПРОБАСКЕТ