Репрезентацијата на Белгија прави чекор напред кон пласман на Европскиот шампионат.

Белгија го доби дербито од „Ф“ групата во квалификациите за ЕУРО 2024-та.

Во директна пресметка за 1.то место, Белгија во Виена ја совлада Австрија со 3:2.

Целата работа гостите ја заврива за еден час игра. Со двата гол на Лукебако (12 и 55-тата), односно Лукако во 58-та минута, Белгијците веќе направија три гола предност.

Во продолжението Лемер (72) и Сабицер од пенал (84) само го ублажија поразот, но не успеаја да стигнат барем до бод.

Сега Белгијците имаат 16 бодови, три повеќе од Австрија, а Шведска е зад нив со само 6 бодови.

Токму против Шведска, во понеделник и тоа пред својата публика, Белгија со нерешен резултат ќе ги потврди пласманот на ЕП во Германија.