Пред македонскиот првак Еурофарм Пелистер претстои нов предизвик. Денеска битолчани играат со Пролет во домашното првенство, но веќе в четврток му гостуваат на ПСЖ.

Натпреварот во Париз ќе биде четврти за пелистерци во Лигата на шампионите. Јасно дека францускиот тим важи за апсолутен фаворит, и се освен победа на ПСЖ би било вистинска сензација.

Тренерот Александар Јовиќ посакува неговите избраници да ја повторната играта од последниот дуел со Кил, иако зелено-белите го загубија.

„Играме против екстра-квалитетна екипа, нè чека тежок натпревар и одлична можност за промоција за клубот и градот. Ќе направиме сè да се прикажеме во најдобро светло.  Играме против екипа која редовно игра на „фајнал-фор“ на Лигата на шампионите.

ПСЖ преферира брза игра, имаат одлична транзиција, но ние ќе се обидеме да наметнеме наша игра. Како што игравме и против Кил, ќе пробаме да ги сведеме на што е можно помалку голови.

Нè радува што евидентно растеме и ова е одлична можност тоа да го потврдиме. Тренираме во полн состав, Тајник се враќа во тимот и мотивирани сме за дуелот в четврток“,

изјави Јовиќ.

Пелистер сеуште се нема израдувано барем на бод, бидејќи ги загуби сите три досегашни натпревари.

Натпреварот во Париз ќе се игра во четврток од 20.45 часот.