Европската фудбалска федерација ги одреди домаќините на континенталните шампионати во 2028-ма и 2032-ра година.

Извршниот комитет на УЕФА реши првенството во 2028-ма да се игра на британскиот остров.

Домаќини на шампионатот ќе бидат Англија, Северна и Република Ирска, Шкотска и Велс. 

Четири години подоцна, ЕУРО 2032-ра ќе се игра во Италија и Турција.

Но, до тогаш, вниманието на европска фудбалска јавност е насочено кон квалификациите за ЕП што следната година ќе се одржи во Германија.