Ракометарите на македонскиот првак Еурофарм Пелистер попладнево ќе го играат третиот натпревар во Лигата на шампионите.

Во Битола, гостува европскиот гигант Кил.

Јасно е дека германскиот тим ја има улогата на фаворит и се освен победа би било вистинска сензација.

Но, од таборот на Еурофарм Пелистер најавуваат дека нема така лесно да ја „продадат кожата“.

„Сите знаеме каква екипа е Кил. Гледавме видео материјали, се обидовме да ги анализираме.

Се надеваме на добра и борбена игра, без голем респект кон нив, иако имаат ракометари од светски рамки.

Верувам дека ќе дадеме максимум и тоа ќе ни донесе добар резултат. Кил е исто така нова екипа, сепак е септември и поразите во Бундеслигата се вообичаени“,

вели младиот Цветан Кузманоски.

Битолчани се без освоен бод во Лигата на шампионите, за разлика од противникот гој има максимални 6 во рамките на „А“ групата.

Еурофарм Пелистер ги загуби првите два меча во шампионската лига. Зелено-белите беа совладани за домашен терен од Колстад и нагости во Данска кај Алборг. Кил пак стартуваше со две победи, пред својата публика против Сегед и на гостувањето кај Загреб.

Натпревар  Еурофарм Пелистер – Кил ќе се игра во попладневниот термин од 18.45 часот.