Екипата на Чаир победнички ја почна новата сезона во Првата лига. Чаирчани пред својата публика го „демолираа“ Феникс со 21 разлика

Во натпреварот од 1.коло на новата сезона Чаир го надигра Феникс со конечни 93-72. 

Чаирчани рано се стекнаа со солидно водство, кое во финишот на првата четвртина беше девет поени (24:15), потоа и (26:17). 

На почетокот на вториот период, гостите благодарение на Бојан Трајковски успеаја дури и да направат пресврт, односно поведоа со 35-33. Сепак на паузата домаќините беа оние кои заминаа со позитива (48-42). 

Клучната разлика Чаир ја направи во третиот период што го доби со +14 (71-51). Се натаму беше само чиста рутина за домашниот тим, кој потврди дека со право се надева на место меѓу осумте најдобри сезонава. 

Американците, Мофит 32 поен и Коберт кој имаше дабл-дабл со по 16 поени и скокови беа при играчи на натпреварот и во победничкиот тим во чии редови имаше уште тројца двоцифрени. 

Томас беше прв стрелец кај поразените со 17 поен, Трајковски додаде 15, а еден помалку уфрли Рис.

Во првиот натпревар од новата сезона Работнички го надигра ТФТ 73-56. 

Останатите средби од 1.коло ќе се играат претстојниот викенд.