Шпанецот Хорхе Мартин од тимот на Прамак Дукати, победи на патеката ,,Марко Симончели, за ГН на Сан Марино.

На тој начин тој го комплетираше совршениот викенд, триумфирајќи во главната трка, спринт трката и во квалификациите.

Мартин победи пред италијанското дуо Марко Бецеки од ВР46 тимот и Франческо Бањаја од Дукати.

Хорхе Мартин стигна до третата победа во кариерата, а втора оваа сезона во Мото ГП класата.

Лидерот и шампион на Дукати, Пеко Бањаја и со повреда успеа да заврши трет и место на подиумот. 

Најдобрата 10-ка ја заокружуваат, изненандувањето Педроса, Вињалес, Оливеира, Марк Маркез, Фернандез, Марини и Зарко

Но, Бањаја останува лидер во генерален пласман со 283 поени, но сега само 36 поени пред Мартин, додека Бецеки е трет со 65 поени помалку.

Следува двонеделна пауза во МОТО ГП шампионатот кој се сели надвор од Европа кога на 24 септември се вози трката за ГН на Индија.