Кошаркарите на Германија се новите Светски шампони.

Во финалето на Мундијалот во Манила, Германија ја победи Србија со 83-77.

Првото полувреме мина во израмнета игра. Ниту една селекција не успеа да оствари значителна предност, па на паузата се замина со израмнети 47-47.

Третата четвртина многу подобро ја одиграа Германците пред се во одбраната. Му дозволија на противникот да постигне само 10 поени, па во последната четвртина влегоа со +12 (69-57).

Тоа се покажа како решавачка предност, па на крајот Германците славеа со конечни 83-77.

До овој триумф Германците ги предводеше Денис Шредер кој финалето го заврши со 25, додека Вагнер додаде 19 поени.

До својата прва титула, во првото финале на Мундијалите Германија стигна без ниту еден пораз, славејќи во осумте одиграни натпревари.

Двете селекции обезбедија директен пласман на Олимписките игри во Париз следната година.

Бронзениот медал им припадна на Канаѓаните кои по продолжението ги совладаа совладаа Американците.