Канадските кошаркари го освоија бронзениот медал на Светското првенство чија завршница се игра во Манила.

Во натпреварот за 3.место по продолжение тие ги совладаа Американците со 127:118.

Канада водеше во поголемиот дел од натпреварот и во самиот финиш на „регуларниот“ дел, но Мајкл Бриџис со неверојатна тројка го одведе натпреварот во продолжение.

Дилон Брукс со 39 и Гилџис-Александер 31 поен ја предводеа Канада до бронзениот медал, во кој важна улога одигра и Барет со 23 поени и 7 скокови. 

На Мундобаскетот останува да се одигра уште финалето. 

Во него за шампионскиот примате ќе се борат Србија и Германија во натпреварот од 14.40 часот.