Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 16 години, попладнево ќе игра против Турција.

Ова е втор меѓусебен дуел на овие две селекции кои кои пред три дена ја одиграа првата средба.

Во неа гостите од Турција славеа минимална победа со 2-1. 

Денешниот дуел е можност за нашите млади фудбалери да им се реваншираат на турските врсници.

И денешниот натпревар ќе се игра на тренинг центарот „Петар Милошевски“ крај ФФМ, со почеток од 17 часот.

Натпреварот можете да го гледате ВО ЖИВО ОВДЕ.