Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје, ќе биде арената во која македонските одбојкари ќе ја видат битката на 33-тото Европско првенство.

Трет пат во низа, на континенталните првенства, но прв пред своите навивачи, одбојкарите на Македонија, се дел од европската елита.

Долгото лето и речиси двоипол месечните подготовки и натпревари за овој настан, се зад избраниците на селекторот Јошко Миленковски. Стартува вистинската битка.

Популарните македонски „Спартанци“ со нетрпение го чекаат првиот натпревар, но ја очекуваат и македонската „Фаланга“. Таа треба да им даде инспирација повеќе во борбата за остварување на посакуваното.

Сите очекуваме победа повеќе, но и евентуален пласман во 16-те најдобри односно осминафиналната рунда.

Последните подготовки во арената се при крај, а таа треба да биде исполнета до последното место, разбирливо во црвено-жолта боја. 🇲🇰 🇲🇰 🇲🇰