Со четирите натпревари со кои беше комплетирано 3.коло по групи, познати се сите осум селекции од групите А, Д, Е и Х кои ќе разигруваат во осминафиналето на СП.

Репрезентациите на Канада и Литванија ги добија дуели со Летонија и Црна Гора со кои ги потврдија првите позиции во своите групи.

Италија немаше проблеми во дуелот со ко-домаќинот Филипини, па Аѕурите завршија како втори зад Германија.

На повидок се и два интересни пара за осминафиналето. Италија ќе оди на мегдан со Србија, додека Црногорците ќе имаат тешка задача против Американците.

Комплетните осминафинални парови ќе ги дознаеме утре по средбите од последното коло во преостанатите четири групи.

РЕЗУЛТАТИ И ТАБЕЛИ
ГЕРМАНИЈА – ФИНСКА 101 – 75
ДОМИНИКАНА – АНГОЛА 75 – 67
ЕГИПЕТ – МЕКСИКО 100 – 72
ФРАНЦИЈА – ЛИБАН 85 – 79
АВСТРАЛИЈА – ЈАПОНИЈА 109-89
ИТАЛИЈА – ФИЛИПИНИ 90-83
ЛИТВАНИЈА – ЦРНА ГОРА 91-71
KАНАДА – ЛЕТОНИЈА 101-75

*Пласман во осминафиналето обезбедија првопласираните две селекции.

А група: Доминиканска република 6, Италија 5, Ангола 4, Филипини 3.
Д група: Литванија 6, Црна Гора 5, Египет 4, Мексико 3.
Е група: Германија 6, Австралија 5, Јапонија 4, Данска 3.
Х група: Канада 6, Летонија 5, Франција 2, Либан 0.