Македонската одбојкарска репрезентација се наоѓа во финалната фаза подготвки пред третиот настап на Европските првенства.

Тоа ќе биде прв на домашен терен, откако претходно игравме во Словенија и во Финска на претходните две првенства.

На стартот од шампионатот во рамките на Ц групата што ќе се игра во Скопје во СЦ „Борис Трајковски“ Македонија игра против селекцијата на Данска.

45-50 дена одработуваме од подготовките и сега сме во финалната фаза. Ова е важен момент за нашата спортска историја, како за Македонија така и за одбојката како спорт.

Репрезентацијата работи одлично, атмосферата е супер, расположението добро.

За исходот во групата нема се да зависи од нашата игра, особено што како фаворити во групата се Полска, Холандија и Чешка, додека на наше ниво се селекциите на Данска и Црна Гора (против нив играме во првите две кола).

Акцент за нас ќе биде дуелот со Данска”,

изјави селекторот на Македонија, Јошко Миленковски.

Европското првенство е голем настан, а македонските одбојкари имаат желба со добрите игри да обезбедат и следна фаза.

Треба да организираме спектакл пред се, тука ќе се појават светски и олимписки шампиони. Целта и желбите ни се осминафинале, квалитет имаме за тоа, но ќе треба некогаш да играме и над нашите можности, а тоа можеме со помош на публиката.

Одбојкарите треба да се надминат себе си во 7-8 дена да одиграат 5 силни натпревари. Ние целиме осминафинале, а таму во бари би играле со репрезентации од самиот светски врв како Италија или Србија”,

потенцираше македонскиот селектор.

Според Миленковски, Полска која се наоѓа во нашата група се вбројува во фаворитите за медали, како и Италија, Србија и Франција.

Македонија првиот натпревар го игра на 30.август (среда) со почеток во 20 часот против Данска.

Возбудувањата на ЕП почнуваат утре (понеделник), со дуелот меѓу Италија и Белгија што се игра во Болоња.