Денеска на патеката Зандворт се вози 13-тата трка за ГН на Холандија. Изминатите два дена на слободните тренинзи и во квалификациите доминираат возачите на Ред Бул.

Актуелниот шампион и лидер во првенството Макс Верстапен вози пред домашна публика и досега освен вториот тренинг кој му припадна на Норис од Мекларен, доминира на патеката.

Денеска од 15.часот тој ќе стартува од пол позицијата која ја освои вчера во последните моменти од квалификациите.

Само временските услови најверојатно ќе можат да го спречат да стигне до нова победа во првенството и уште повеќе да ја зголеми бодовната предност пред останатите возачи.

Веднаш до него ќе биде можеби неговиот најголем ривал кој одлично му парираше викендов. Тоа е возачот на Мекларен, британецот Ландо Норис.

Од вториот ред холанѓанецот ќе го напаѓаат возачот на Мерцедес Џорџ Расел и Алекс Албон од Вилијамс.

Останува да видиме како ќе се одвиваат настаните на патеката и дали конечно некој друг ќе ја однесе победата оваа сезона, а да не се Верстапен или Перез од Ред Бул…

Ф1 тимот од Австрија победи на сите предходни трки оваа сезона вкупно 12.