Почна продажбата на картите за натпреварот Вардар – Рајн Некар Левен, информираа од таборот на црвено-црните.

Вардарци немаа срежа при ждрепката за плеј-офот, односно дуелот за влез во групната фаза на ЕХФ Лигата на Европа.

Црвено-црните го добија најтешкиот можен противник, германскиот Рајн Некар Левен, добар познаник на вардарци од изминатите неколку сезони.

Првиот натпреварот меѓу Вардар и Рајн Некар е закажан следната сабота (26 август) со почеток во 19 часот во СЦ „Јане Сандански”.

Влезниците се продаваат по цена од 200, 250 и 300 денари, а може да се купат „онлајн“ (овде) и преку продажната мрежа на Мктикетс.

Доколку останат слободни места, карти ќе може да се купат и пред самиот почеток на средбата. Тие ќе се продаваат на билетарницата на СЦ „Јане Сандански” два (2) часа пред почетокот на натпреварот.