Супер ефикасен старт на сезоната во германската Бундес лига. На петте одиграни натпревари попладнево во воведното коло, беа постигнати дури 23 голови. 

На дербито одиграно во Леверкузен, Баер го победи Лајпциг со 3:2.

Во првиот дел беа постигнати трои гола. Домаќините водеа со 2:0 со головите на Фримпонг (24-минута) и Џонатан Тах (35). Лајпциг се врати во игра со погодокот на Шпанецот, Дани Олмо (35). 

По дваесет минути игра во второто дел, домаќините повторно стигаа до два гола предност со погодокот на Вирц. 

Тоа не траеше долго. Веќе во 71-минута Белгиецот, Опенда намали на 3:2.

Иако гостите се обидуваа да стигнат до израмнување резултатот остана не променет, па Баер ги прокнижи првите три бода.