Италијанецот Франческо Бањаја од Дукати ќе стартува од пол позицијата на утрешната 10-тата трка од светскиот шампионат во мотоциклизам.

По паузата овој викенд се вози трката за ГН на Австрија на патеката Ред Бул Ринг. Актуелниот лидер и шампион Бањаја постигна најбрзо време во квалификациите од 1:28.539 минути.

Веднаш до него ќе биде Шпанецот Маверик Вињалес од Јамаха кој го имаше второто најдобро време од 1:28.576. Третото место го зазеде Бред Биндер од КТМ.

Следуваат: Џек Милер, Алекс Маркез, Лука Марини, Марко Бецеки, Мигел Оливеира, Фабио Квартараро и Алекс Еспаргаро, Зарко и Ринс, до 10-тата позиција.

Денеска на програмата исто така е и спринт трката која е закажана за 15.часот, а главната трка е закажана за утре (недела) од 14.часот.