Младата фудбалски репрезентација на Македонија до 18 години одигра нерешено против Унгарија.

На контролниот натпревар што се играше попладнево на стадионот во „Ѓорче Петров“ Македонија и Унгарија одиграа 1-1.

Во допадлив натпревар во кој двете селекции играа офанзивно, можеби најреален е токму нерешениот исход.

Унгарците го добија првиот дел, Со голот на Чаба Молнар од пенал во 22.минута Унгарија имаше предност на полувремето.

Избраниците на селекторот Вујадин Станојковиќ, беа далеку подобри во вториот дел. Активната и напаѓачка игра вроди со плод во 55-минута. По корнерот од левата страна, нависоко во противничкиот шеснаесетник скокна Анес Мељичи и израмни на 1-1.

Иако на двете страни имаше уште по некоја шанса до крајот на натпреварот резултатот остана не променет.