Екипите на Работички и Феникс кои ќе ја преставуваат Македонија во ФИБА Еврокупот ги дознаа своите противници во квалификациите.

Тимот на Работнички кој по подолги години повторно се враќа на меѓународната сцена, ја доби и привилегијата да игра пред своите симпатизери. Имено, Работнички ќе биде домаќин и организатор на натпреварите од квалификациската „А“ група.

Ривали на Работнички ќе бидат холандската екипа Донар Гронинген, за која лани настапуваше македонското репрезентативец Андреј Магдевски. Во конкуренција се и романскиот Рапид Букурешт и односно тимот на Сабах од Азербејџан кој од неодамна го презема македонскиот тренер Бобан Митев.

Феникс дебито ќе го има во Никозија, Кипар. Покрај домаќинот Керавнос, противник ќе биде и германскиот тим  Рошток.

Групите ќе се играат според принципот „секој со секого“, а пласман ќе обезбеди само победниците.

Квалификациските турнири ќе се играат од 2 до 5 октомври.