Машката кошаркарска репрезентација на Македонија ги одработува подготовките за олимписките пред-квалификации.

Андреј Маслинко е еден од кошаркарите со поголемо искуство во репрезентацијата и затоа од него ќе се очекува и повеќе.

„Краток е периодот на подготовки. И нема доволно време за натпревари. Од таа гледна точка, натпреварите се добредојдени. Ако има уште некој меч, тоа би било голем плус. Меѓутоа, тоа е што е, мораме да се подготвиме, најдобро што можеме“, вели Маслинко.

Време за многу воигрување нема, имајќи во предвид дека сеуште селекцијата е не комплетна. Како дел од подготовките предвидени се и два контролни натпревар со Полска и тоа во Белград.

„Краток е периодот на подготовки. И нема доволно време за натпревари. Од таа гледна точка, натпреварите се добредојдени. Ако има уште некој меч, тоа би било голем плус. Меѓутоа, тоа е што е, мораме да се подготвиме најдобро што можеме“, додава Маслинко .

За очекувањата крилниот-центар вели:

„Да бидам искрен, не ги познаваме, сеуште, доволно ростерите на противниците. Јас се надевам на успешни игри. Ќе одиме максимално, до крај. Ќе одиме на победа на секој натпревар. И се надевам дека можеме да се надигруваме со сите селекции кои ќе бидат таму во Талин“.

Патот до Олимпијадата во Париз е долг и тежок. Прво треба да се минат Израел, Естонија и Чешка, а потоа и вториот турнир во Полска.