Александар Јончевски, селекторот на сениорската кошаркарска репрезентација на Македонија ја попладнево направи првата прозивка.

Првата седмица тимот ќе биде преполовен. Бојан Крстевски кој го откажа настапот од приватни причини. Сега ќе го нема ниту Адем Мекиќ од поискусниот кој има повреда, како и помладите Митревски и Мемед кои беа на поширокиот список на Јончевски, потврди селекторот.

Јончевски потврди дека Андреј Јакимовски е неизвесен за настап.

„Последно откажување е на Андреј Јакимовски, кои иако има желба да се натпреварува, излезе во медиуми дека нема да биде дел од тимот. Но, јас не се откажувам од него. Верувам дека во разговор со неговиот тренер и Универзитетот за кој настапува дека ќе најдеме заеднички јазик да се појави на овој циклус“, изјави Јончевски.

Како што вели селекторот дел од репрезентативците имаат обврски со своите нови клубови, некои подоцна ќе се приклучат.

Со оглед на тоа дека тренинзите се затворени за јавноста, со сигурност не може да ги наброиме имињата на оние кои денеска се појавија на првата прозивка.

Она што СПОРТ+ го дознава. Ти Џеј Џорц, Ненад Димитриевиќ, Војдан Стојановски и Андреј Маслинко подоцна треба да се приклучат на останатите.

Македонија ќе игра на турнирот во во Талин, Естонија од 12 до 20 август каде за противници редоследно ќе ги има Израел, Естонија и Чешка.