Александар Јончевски селекторот на машката кошаркарска репрезентација, го објави поширокиот список на играчи за наредните репрезентативни активности.

Машката репрезентација на Македонија, ја очекува настап на претквалификацискиот турнир за евентуален настап на Олимпијадата во Париз.

Македонија ќе игра на турнирот во во Талин, Естонија од 12 до 20 август каде за противници редоследно ќе ги има Израел, Естонија и Чешка. Во оваа конкуренција, црвено-жолтите треба да се вбројат меѓу двете првопласирани, за да играат на следниот турнир на турнирот во Гљивице, Полска.

Јончевски, првата прозивка ќе ја направи во понеделник (24 јули), од 18 часот, во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.

На барање на стручниот штаб, воведните тренинзи ќе бидат од затворен карактер.

На списокот на Јончевски нема повеќе искусни кошаркари (Бојан Крстевски и Кристијан Николов) како и Страхил Николов и Лејсон Зекири кои беа на последниот собир.

Затоа пак шанса ќе добијат шестмина кои беа дел од младинската селекција која во Скопје заврши како второ пласирана.

ПОШИРОК СПИСОК НА МАШКА СЕНИОРСКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА:
Војдан Стојановски, Ненад Димитријевиќ, Ти-Џеј Шортс, Андреј Јакимовски, Андреј Магдевски, Адем Мекиќ, Андреј Маслинко, Стојан Ѓуроски, Дамјан Робев, Виктор Ефремоски, Љубомир Младеновски, Андреј Андоноски, Теодор Симиќ, Андреј Шошкиќ, Резарт Мемед, Марин Петков, Андреј Митревски и Амар Хот.