Првиот ден од месец октомври во атлетските календари е резервиран за најголемата атлетска манифестација во Македонија, Виз Ер Скопски маратон.

Оваа маратонска трка е сертифицирана од страна на „АИМС“ и Светска Атлетика.

19-то издание на Скопски маратон е дел од квалификациските трки за Светско првенство во старосни категории. Тоа значи дека со завршувањето на маратонот секој натпреварувач освојува поени во соодветната категорија.

Најдобрите во светот можат да обезбедат учество на Светското првенство во возрасни категории, во Чикаго (8 октомври 2

Учесниците можат да се пријават на официјалната страна за традиционалните трки (маратонот, полумаратонот, штафетната маратон, трка ЕУ со тебе и трката на 5.км).

Секој што сака да биде дел од најмасовната спортска манифестација, има можност да го пријави своето учество до 25 јули.

Финалниот рок за пријавување на маратон, полумаратон, штафетениот маратон и трката на 5км е на 20 септември.

Учесниците на маратонот и полумаратонот при пријавување ќе треба да одберат таргет време за кое планираат да ја завршат трката, со цел да се распоредат во соодветниот стартен бокс.

За сите пријавени до 30 август, во стартниот пакет влегува и маица со логото од трката. Сите натпреварувачи кои ќе се пријават после овој датум нема да добијат маица.

Организатор се Сојузот на спортови на Скопје, во соработка со АК Работнички, а покровители  се Агенцијата за млади и спорт, Делегација на Европската Унија и Град Скопје.

Секој учесник на Виз Ер Скопски маратон ќе добие вредносен ваучер од 20 ЕУР од спонзор на трката, Виз Ер. Ваучерите ќе се испраќаат после 10 октомври на емаил адресите кои ќе се остават при процесот на пријавување.

Подетални информации може да се најдат на официјалната веб страна на трката, како и на социјалните мрежи на Фјсбук и Инстаграм.