Кошаркарскиот клуб Олимпијакос објави дека ги продал сите сезонски билети за следната сезона.

Тимот од Атина за дваесетина дена распродаде сите 7.000 сезонски билети, колку што беа во продажба.

„Оваа година повторно ќе се бориме заедно. Ви благодарам од се срце“,
беше објавено на клупската веб-страница.

Олимпијакос постави рекорд за деценијата, иако управата на клубот остави 5.500 билети за поединечна продажба.

Инаку, досегашниот клупски рекорд на Олимпијакос е од сезоната 2008/09, кога тимот од Пиреја продаде 8.900 сезонски билети.

Во првото коло од Евролигата, Олимпијакос на 6 октомври во „ОАКА Арена“ ќе го игра големото локално дерби си лутиот атински ривал Панатинаикос.