Сагата каде ќе ја продолжи кариерата Никола Миротиќ трае со денови. Како што пренесуваат белградските медиуми, постојат сите шанси тоа да биде Партизан.

Имено, црногорскиот крилен-центар, ги договорил сите услови со црно-белите!? Миротиќ  ќе му се приклучи на тимот на Жељко Обрадовиќ, со кој се сретнал пред десетина дена во хотел во Подгорица.

Официјализирањето на трансферот се уште се чека бидејќи кошаркарот треба да најде заеднички јазик со неговиот претходен клуб Барселона. Каталонците му должат пари на Миротиќ за двете години од договорот и тој не сака да се откаже од тие пари.

Затоа, чекаме кошаркарот и шпанскиот клуб да ги разјаснат деталите околу меѓусебниот раскин на соработката.

За потсетување, шпанските медиуми пренесуваат дека се е решено меѓу Миротиќ и Каталонците и дека кошаркарот ќе добие 15 милиони доколку потпише меѓусебен раскин. Барса во тој случај би заштедила дури седум милиони евра.

Миротиќ минатата сезона одигра 29 натпревари во Евролигата, со просек од 15,4 поени и 4,3 скока.

Тој е во Баклуб од 2019 година, а претходно играше за Реал, Чикаго Булс, Њу Орлеанс Пеликанс и Милвоки Бакс.