Втор ден натпревари на Европското првенство за ракометарки до 19 години, што се одржува во Романија.

По вчерашниот пораз од Црногорките, младите македонски ракометарки денеска ќе имаат уште потешка задача, за да дојдат до позитивен резултат. Имено, избраничките на селекторката Јулија Дамчевска за противнички ќе ги имаат врсничките од Данска, селекција која ваши за еден од главните фаворити за шампионскиот трофеј на ова првенство.

Данските ракометарки тоа го најавија со вчерашната убедлива победа над Чепка со 10 гола разлика (36-26), па доколку и денеска ја совладаат нашата селекција, тие веќе ќе обезбедат пласман во следната фаза. Истото важи и за Црногорките кои попладнево играат со Чешка.

Денешниот дуел меѓу Македонија и Данска е закажан за во терминот од 16:30 часот, а можете да го гледате ВО ЖИВО ОВДЕ