Женската младинска репрезентација на Македонија за ракометарки до 19 години, попладнево ќе го одигра вториот натпревар на меѓународниот турнир „Трофеј Карпати“.

Откако вчера на првата средба избраничките на селекторката Јулијана Дамчевска беа поразени од домашната селекција на Романија, денеска шанса за поправен ќе имаат против Швајцарија.

Швајцарските вчера со голем пресврт во завршните десетина минути за победија селекцијата на Србија со 34-32, со што само потврдија дека задачата на младите македонски ракометарки денеска нема да биде ни малку лесна.

Натпреварот меѓу Македонија и Швајцарија е прв на денешната програма на „Трофеј Карпати“, а во вториот ќе се сретнат домаќинот Романија и репрезентацијата на Србија.

Инаку, овие натпревари се дел од подготовките на нашите младинки за претстојното ЕП што исто така ќе се игра во Романија, од 6 до 16 јули, а на кое Македонија ја противници ќе ги има, Данска, Чешка и Црна Гора

Дуелот, Македонија – Швајцарија започнува во 14 часот, а можете да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.