Ливерпул се согласи да ја плати откупната клаузула за унгарскиот играч за врска на Лајпциг, Доминик Собошлај.

Како гром од ведро небо, се појави информацијата дека Ливерпул е во трка за Доминик Собошлај, но пречка беше тоа што одличниот играч за врска се уште има откупна клаузула од 70 милиони. Доколку таа не се активира, Лајпциг би можел да одреди повисока цена за неговиот ангажман.

Новиот спортски директор на Ливерпул, Јерг Шмадке внимателно и брзо ја подготви операцијата и успеа да го договори трансферот на Собошлај на „Енфилд“.

Останува само играчот од средниот ред кој поседува брзина, техника и пред се феноменален шут да ги помине лекарските прегледи и потоа да го потпише договорот.

Тој ќе биде второто засилување на тимот ова лето по Алексис Мекалистер кој ќе биде платен 55.милиони фунти со сите бонуси.

Собошлај во октомври ќе наполни 23 години, а минатата сезона на 46 натпревари во сите натпреварувања постигна 10 гола и 13 асистенции.