Спринт трката на патеката Муџело во Италија каде утре ќе се вози 6-тата трка од Мото ГП шампионатот ја доби Франческо Бањаја од Дукати.

Тој беше најбрз и заслужено ги освои 12-те бода кои се наменети за победникот на оваа спринт трка.

Втор заврши Марко Бецеки од ВР46 тимот на Дукати кој освојува 9 поени, додека Хорхе Мартин од Прима Прамак тимот на Дукати освои 7 поени и заврши на третото место.

Во генералниот пласман на првото место е Италијанецот, Бањаја од Дукати со 106 бода, втор е Бецеки од ВР46 Дукати со 102, а трет е Мартин со 87 бодови.

Трката за големата награда на Италија на патеката Муџело се вози утре од 14.10 часот.

Томислав Атанасовски