Чешката тенисерка Каролина Мухова направи големо изненадување пласирајќи се во финалето Грен слем турнир во Париз.

43-то рангираната тенисерка на ВТА листата во полуфиналната рунда ја елиминира втората фаворитка Арина Сабаленк совладувајќи ја со 2:1 во сетови.

Во мечот што траеше 3 часа и 17 минути првите два сета беа решени во тај-брејкот и тоа првиот го доби Мухова со 7:5 на поени, а вториот Сабаленка  исто така со 7:5 на поен.

Во третиот решавачки иако чешката тенисерка прва загуби сервис, па Белорусинката поведе со 5:2 во гемови, сепак Мухова не се предаде. Спаси една меч топка па со два брејка го сврте мечот и го реши сетот во своја полза со 7:5, за прво свое финале на Гренд слем турнирите.

А, во него (закажано за во сабота), Мухова ќе игра со подобрата од вториот полуфинален меч во кој топ фаворитката (1) Ига Швјонтек од Полска која за противничка ја има Беатриз Хадад Маја од Бразил.