Вил Клајбурн е јунакот на Анадоли Ефес кој во трилер натпревар се избори за трет, решавачки натпревар, против Фенербахче во полуфиналето на турското првенство.

Ова откако вечерва во вториот дуел на овие два ривали, Анадолу Ефес направи ри-брејк славејќи на гостински терен кај Фенер со 92-90. 

Супер интересен натпревар одиграа овие две екипи во кој домашните кошаркари во првиот дел имаа и 13 поени предност, за во второто полувреме гостите да го свртат резултатот и тие да поведат со +13. 

На 22 секунди до крајот гостите имаа +8 (89-82), но Ферен со серија од 8-0, стигна до предност од еден поен (90-89) на нецели шест секунди пред крајот. 

А, тогаш на  сцена стапи Американецот, Клајбурн кој со тројката со звукот на сирената му донесе победа на Анадолу Ефес со конечни 92-90, со што се избори за мајсторка. 

А, таа ќе се игра игра веќе во среда која Анадолу Ефес ќе ја има улогата на домаќин.