Благоја Милевски селекторот на најдобрата фудбалска репрезентација на Македонија го објави поширокиот список на играчи на кои ќе смета за претстојните два евро-квалификациски натпревари со Украина и Англија.

Во рамките од квалификациите за Европското првенство што следната година ќе се одржи во Германија, македонските фудбалери ги очекуваат два тешки натпревари.

Првиот на 16 јуни кога на Националната арена „Тодор Проевски“ ќе ја пречекаме репрезентацијата на Украина, а три дена подоцна (19 јуни) црвено-жолтите патуваа на мегдан кај Англија на мечот што ќе се игра на „Олд Трафорд“ во Манчестер.

На списокот на Милевски се следниве фудбалери: