Новата селекторка на женската кадетска ракометна репрезентација, Јулијана Дамчевска го  објавува списокот на ракометарки кои ќе бидат во нејзините комбинации за претстојниот собир и настап на претстојното Европското првенство до 19 години што ќе се одржи во Романијa

Кадетската женска репрезентација на Македонија е дел од групата Д заедно со селекциите на Данска, Чешка и Црна Гора, на шампионатот што ќе се игра од 6 до 16 јули.

Распоред на натпревари:
06.07.2023 МАКЕДОНИЈА – ЦРНА ГОРА
07.07.2023 МАКЕДОНИЈА – ДАНСКА
09.07.2023 МАКЕДОНИЈА – ЧЕШКА

На списокот на Димчевска се 22 ракометарки, а првата прозивка (собирот) селекторката ќе ја направи во четврток (1 јуни) во Спортска сала Автокоманда во Скопје со почеток во 17:30 часот. 

На списокот се следниве ракометарки