Овој викенд на ред е и финалниот турнир во М12 лигата во женска конкуренција.

Скопски Вардар ја доби организацијата на турнирот, кој во сабота и во недела ќе се игра во малата сала на СРЦ „Кале“ во Скопје, каде „вардарки“ ги играат своите натпревари.

Првото полуфинале во кое ќе играат екипите на Вардар и Баскрт Кам 2011 од Македонска Каменица е закажано сабота, од 12 часот. А нешто подоцна, од 14. часот, за место во финалето ќе разигруваат Патриот 2016 од Делчево и екипата на Струга 2009.

Победникот, кој за прв пат, ќе добие и парична награда во висина од 25.000 денари ќе биде познат по одигрувањето на финалето кое на програмата е на 28.мај (недела) од 14. часот. Поразената екипа во финалниот натпревар ќе биде парично наградена со 15.000 денари.

Натпреварот за третото место е предвиден за недела, од 12. часот. Победникот на оваа средба, освен бронзените одличја ќе добие и парична награда во висина од 10.000 денари. Исто толку ќе добие и поразениот тим во „малото финале“, од вкупниот награден фонд од 60.000 денари кој го предвиде федерацијата за овој финален турнир.