Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 18 години го одигра предвидениот контролен натпревар против соодветната селекција на Србија.

На натпреварот кој беше одигран во Стара Пазова, избраниците на селекторот Тони Јакимовски беа поразени со 3:0.

Селекцијата на Србија сите голови ги постигна во првиот дел.

Бубањ во 27. минута го отвори резултатот на мечот. Во 32. минута Милошевиќ погодува за предност од 2:0. Во 39. минута, Бубањ го постигнува својот втор гол и ги поставува конечните 3:0.