Македонските тенисери Калин Ивановски и Берг Бугариќ се пласираа во четвртфиналето на Челенџер турнирот ,,Македонија Опен 2023″ што се игра во Скопје.

Македонската тениска двојка во три сета беше подобра од индијската комбинација Пурав Раја и Дивиј Шаран во мечот од прво коло во двојки. 

Иако првиот сет, Индијците го добија со 6-4, во вториот нашите тенисери одиграа фантастично и го решија во своја корист со убедли 6-1.

Третиот сет се играше така-наречен тај-брејк до 10 освоени поени, а до нив стигнаа Калин и Берг добивајќи го со 10-7 добивајќи го сетот, а со тоа и мечот со 2:1.

За нашиот тандем нема многу време за одмор, бидејќи од 17 часот ги очекува четвртфиналниот меч со Чесите, Петр Ноуза и Ендрју Паулсон.