Екипата на Денвер е првиот тим што се пласира во големото финале на НБА лигата. До историскиот прв пласман тимот на Нагетс стигна со максимални четири победи во дуелите со ЛА Лејкерс.

Денвер го доби вториот гостински дуел во ЛА со 113-111 во драматична завршница во која Леброн Џејмс го имаше последниот напад за израмнување и продолжение, но не успеа да погоди па Нагетс заслужено славеа.

Никола Јокиќ одигра уште еден натпревар за паметење остварувајќи нов трипл-дабл со 30 поени, 14 скока и 13 асистенции, со што Србинот, заслужено го понесе признанието за најкорисен играч (МВП) на финалето во Источната конференција.

Во големото финале Денвер најверојатно ќе игра против Мајами кој има голема предност од 3-0 против Бостон, а веќе ноќеска пред своите навивачи ја има и првата „меч типка“ за влез во финалето. 

Стартот на финалната серија во НБА лигата е закажан за 1 јуни.