Никола Јокиќ секако е најзаслужниот кошаркар на Денвер за првото историско финале на тимот од Колорадо во НБА лигата.

Србинот кој две години по ред беше прогласуван за МВП на лигата и го поднесуваше признанието насловено по легендарниот Мајкл Џордан, сега го понесе признанието за најкорисен играч во финалето на Источната конференција кое пак го носи името на уште една легенда Меџик Џонсон.

До него Јокиќ стигна со осумте трипл-дабл ученици во плеј-офот, со што го собори рекордот на уште една НБА легенда, Вилт Чембрлен, стар 56 години.

Имено во сезоната 1966/1967 кога е формиран тимот на Денвер, поранешната суперѕвезда на „Лејкерси“ Вилт Чемберлен остварил седум трипл-дабл учиноци, а Јокиќ синоќа го оствари својот осми сезонава.

Меџик Џонсон имаше шест во 1982 година, а Дрејмонд Грин имаше пет во 2019 година.