Тимовите на Мулти Есенс и Струга со голема борба го обезбедија своето место во големото финале на завршниот „Ф4“ турнир во кадетска конкуренција што се игра во салата Автокоманда во Скопје.

Во првото полуфинале Мулти Есенс оствари победа над Голден Арт со 33:24. Почетокот на натпреварот беше израмнет до 10 минута, а резултатот беше 3-3. Во продолжение, тимот на Голден Арт со серија од 2-0 го превеземе водството (5-3). Но, Мулти Есенс не се предаваше и успеа да израмни, а во продолжение на се играше со гол за гол. На полувреме, резултатот беше тесен 11:10 во корист на Голден Арт.

Во втората половина на натпреварот, Голден Арт со нова серија од 2-0 повторно земе предност со 13-10, но, Мулти Есенс брзо  израмни 16-16. Нерешено беше се до 46-минута која домаќинот со серија 4-0 поведе со 23:27. До крајот на натпреварот тие ја зголемуваа разликата и на крај славеа со конечни 33:24.

Многи понеизвесно беше второто полуфинале во кое Струга го совлада Еурофарм Пелистер. Натпреварот стартуваше со по еден гол на двете страни, па Еурофарм со серија 3-0 поведе со 4:1. Струга не се откажаа, за во 21-та минута да израмнат на 8:8. До крајот на полувремето се играше гол за гол, а на пауза битолчани, заминаа со гол предност (10:9).

Во втората половина. Струга поведе со два гола разлика (15:13), но тоа траеше кратко бидејќи Еурофарм Пелистер брзо израмни 18:18. Резултатот беше тесен се до 55 минута, која стружани одново заминаа на +2, а пелистерци не успеаја да стигнат, па Струга оствари победа со конечни 23:20, за пласман во финалето.

Натпреварот за трето место се игра утре во 11 часот, а дуелот за титула е закажан од 13:30 часот.

Ивона Кимовска