Манчестер Јунајтед на гостински терен извојува важна победа против екипата на Бурнмаут со 1:0, и направи голем чекор за пласман во Лигата на шампионите, следната сезона.

Во првиот дел, Касемиро со прекрасен гол му донесе водство на Јунајтед уште во 9-тата минута од натпреварот. Екипата на Ерик Тен Хаг „владееше“ на теренот и ја контролираше топката се до паузата.

Целосна иницијатива во второто полувреме имаа „црвените ѓаволи“, со бројни шанси за гол и одлична игра во средината на теренот, но не успеаја да ја зголемат предноста. Судијата досуди крај на натпреварот и со минимални 1:0, Јунајтед дојде до важни три бода.

„Црвените ѓаволи“ се на четвртата позиција на табелата со 69 освоени бодови, исто како и третопласираниот Њукасл, а имаат 3 повеќе од Ливерпул, кој во последната минута успеа да освои бод на „Енфилд“ против Астон Вила.

Во останатите натпревари, Фулам одигра нерешено со Кристал Палас – 2:2, додека Евертон со гол во 100-тата минута (90+10) дојде до важен бод на гостувањето против Вулвс во борбата за опстанок.