Македонската тенисерка Лина Ѓорческа денеска го игра полуфиналето на фјучрс турнирот во Куршумлијска Бања (награден фонд 25.000 долари). Нејзина противничка ќе и биде Романката Кристина Дину (30, 308.место ВТА). Ривалката најдобриот пласман на ВТА листата го имала пред десет години кога била рангирана на 179.место.

Ѓорческа во досегашните три меча на турнирот ги победи Илона Гиороае (Романија) со 2-1 во сетови (1.коло), Јулие Струплова (Чешка) 2-0 во сетови (2.коло) и Кајса Риналдо Персон (Шведска) 2-0 во сетови (1/4 финале).

Ова ќе биде петти меѓусебен меч на Ѓорческа и Дину и скорот е 2:2 во победи. Дину победи на двата први меча во 2015 година во Анталија и Галаци, додека Ѓорческа има победи на турнири во Истанбул (единствен одигран на тврда подлога) и Киасо. На земјена подлога скорот е 2:1 за Ромнката.

Мечот е предвиден да се игра на теренот број 2 веднаш по првото полуфинале меѓу Јулија Авдеева (Русија) и Жилек Куламбаева (Казакстан). Почетокот на овој меч е во 10 часот.