Помладите пионери на Шкендија го освоија Купот на Македонија. Денеска на тренинг центарот „Петар Милошевски” во првиот финален меч (пионери) талентите на Шкендија го освоија трофејот, совладувајќи ја екипата на Брегалница со 3:2.

Видовме неизвесен натпревар со отворена и израмнета игра од двете страни, со вкупно 5 постигнати погодоци.

Шкендија рано успеа да поведе со 1:0. Стрелец на водечкиот погодок беше Албион Муслиу во 4.минута.

Штипските сини брзо успеаја да ги консолидираат своите редови по раниот примен гол и само 7.минути подоцна успеаја да израмнат на 1:1 преку Александар Нехтенин.

Шкендија преку Хисар Али успеа повторно да поведе во 33. минута, а Едис Бајрами со гол во 43.минута успеа да ја зголеми предноста на 3:1 и со тој резултат да се замине на полувреме.

Во продолжението од натпреварот, Брегалница се обидуваше да се врати во игра, создаваше можности, но на крајот успеа да постигне само еден погодок, доволен за намалување на предноста на противникот.

Стефан Антониев го постигна вториот погодок на Брегалница и ги постави конечните 3:2.