Во Унгарија е отворена најновата тркачка патека, изградена според сите стандарди на ФИА.

Паркот „Балатон“ е дизајниран пред 15 години, но работата започна пред само четири години. Дел од изградбата се уште е во тек, а досега се инвестирани околу 200 милиони евра.

„Балатон“ паркот е дизајниран од Ференц Гулачи, долг е 4.115 метри (261 метар помалку од „Хунгароринг“), има 10 свиоци налево и шест надесно, а ширината на асфалтната лента е од 12 метри до 1.

Во „боксот“ има 48 гаражи и уште три посебни, така што може да биде домаќин на неколку различни серии во исто време.

На постојаните штандови има 10.000 седишта, а има и одредени места каде што може да се постават монтажни, така што капацитетот може да се зголеми на 120.000 посетители.

„Посебно внимание со посветено на безбедноста, иновациите и  животната средина. Подготвени сме да бидеме домаќини на меѓународни настани, а автодромот ги исполнува сите стандарди на ФИА и ФИМ“, изјави членот на управниот одбор на „Балатон“ Парк, Џанпаоло Матеучи 

Патеката прв ја проба поранешниот формула 1 „пилот“ Џанкарло Физикела, но овојпат зад воланот на Ферари FF.

„Импресиониран сум од Балатон парк. Патеката има се, брзи кривини, технички тешки свиоци, многу бавни делници…“, изјави Италијанецот.

Патеката моментално има лиценца од втор степен, но како дел од идните планови е да се аплицира за лиценца од прв степен. Сепак, намерата не е да се преземе Формула 1 трката, бидејќи таа му припаѓа на „Хунгароринг“.