Спринт трката на патеката Ле Ман каде што утре ќе се вози 5-тата трка од Мото ГП шампионатот ја доби Хорхе Мартин од тимот на Прамак Дукати.

Тој беше најбрз и заслужено ги освои 12-те бода кои се наменети за победникот на оваа спринт трка.

Втор заврши Бред Биндер од КТМ, додека трет беше Бањаја кој водеше голема битка со Марк Маркез од Хонда за место на подиумот.

Во генералниот пласман на првото место е Италијанецот, Бањаја од Дукати со 94 бода, втор е Биндер со 71, а трет е Безеки од ВР46 Дукати, а победникот на спринтот Мартин сега се проби на четвртатата позиција со 60 бодови.

Трката за големата награда на Франција на патеката Ле Ман се вози утре од 15.10 часот.

Томислав Атанасовски